Владата предводена од СДСМ во време на глобална криза спроведува успешни економски политики кои даваат реални и видливи резултати, истакна Кристина Крлеска Деспотоска во првиот јавен настап по изборот за претседател на ОО СДСМ Охрид.

Со СДСМ платите растат многу побрзо и значително, дури и во глобална економска и енергетска криза. Просечната плата во јануари 2022 година изнесува 29.980 денари. На чекор сме до исполнување на едно од најважните изборни ветувања — просечна плата од 30.000 денари. Платите растат во сите сектори. Тоа значи повеќе пари во семејните буџети на работниците, повеќе пари во семејниот буџет на граѓаните. Минималната плата веќе ja покачивме на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше 8.800 денари. – рече Крлеска Деспотоска на прес конференцијата што се одржа денеска.

Со најновото покачување на минималната плата, над 80.000 работници ќе добиваат по 3.000 денари месечно повеќе со мартовската плата која се исплаќа во месец април. Повисоки плати ќе добиваат и работниците кои досега земале плати по 16.000 и 17.000 денари, додаде таа.

Ова се реални, видливи податоци кои ja потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ. Во време на најголема економска и енергетска криза, СДСМ со вистински мерки и политики се грижи за заштитна на економскиот стандард на граѓаните. Покрај покачувањето на платите и пензиите, пример за тоа е и пакетот антикризни мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните, но и на компаниите. – истакна претседателката на ОО СДСМ Охрид.

Таа најави дека СДСМ ќе продолжи уште попосветено да работи за да го подобри животниот стандартд на граѓаните.

OhridNews