Пет минути по полноќ во СВР Охрид приведенo било 38 годишно лице од Охрид.
Приведениот во казино лоцирано на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, во видно алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир, започнал вербална расправија со вработените а потоа скршил еден од апаратите. Натамошниот тек на нарушувањето е спречено со интервенција на полициски службеници, кои при извршен преглед, кај него пронајдоа помала количина опојна дрога марихуана и еден нож на преклоп. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
OhridNews











