По освојувањето на трофејот во Купот на Македонија апетитите во екипата Единство, каде капитен е охриѓанката Симона Крстаноска значително пораснаа. Единство токму со голот во продолженијата на Крстаноска триумфираше во финалето против Младост.



– Амбициите растат по освојувањето на титулата во Купот на Македонија. Сега на ред е титулата во македонскиот фудбалски шампионат. Но, за да биде задоволство двојно ќе мораме да го совладаме лидерот на табелата Билјанини Извори. Ние сме во добра форма тоа го покажавме и на развојниот турнир на УЕФА и во финалето од Купот на Македонија –
рече Крстаноска.


Дербито со шампионски шмек се игра в недела, а и од таборот на охриѓанки најавуваат атак на трите бода кои би значеле шампионска титула.

Мх.П.