Со голот на охриѓанката Симона Крстаноска во дополнителните триесет минути женскиот фудбалски клуб “Единство“ го освои трофејот од Купот на Македонија победувајќи го тимот на Младост со 2-1 во финалето.

Финалната пресметка не започна најдобро за Крстаноска и нејзината екипа Единство, која имаше негатива од 1-0 во 15-та минута.

Егал на семафорот донесе Сашка Кокаловска во финишот на средбата, по што мораше да се одиграат продолженија за да се дознае освојувачот на пехарот.

Во нив повторно заблеска охриѓанката Крстаноска, која со “златниот гол“ во финалето донесе трофеј и ја продолжи одличната форма со која капитенски ја предводеше селекцијата на Македонија до 17 години до триумф на развојниот турнир од УЕФА.

Мх.П.