Охридските ракометари ќе презимат на втората позицијата на табелата во Супер лигата. Охриѓани на второто место се искачија после убедлвиот и рутинскиот триумф над Радовиш (41-32) во последниот меч во 2018 година. Пред стартот на сезоната голема неизвесност имаше околу составот на Охрид, но новата управа склопи добра екипа, која одговори на предизвикот.

  • Некој пред почетокот на сезоната да ни понудеше второ место и 30 бодови со две раце ќе го прифатевме. Ние скромно ја најавивме сезоната, посакувавме опстанок, но се поклопија коцките и влеговме во игра за плејоф. Во преостанатите четири мечеви на пролет не очекуваат многу тешки натпревари, но ништо не е невозможно. Во финишот од сезоната најважно е што никој не се повреди, а полесно од очекувањата ги постигнавме резултатите кои ги посакувавме. – изјави капитенот Крсте Андоновски.

Левото крило на мечот со Радовиш постигна пет погодоци, но сезонава на екипата и помогна со игра во одбрана. Андоноски дел од охридскиот состав е од самото оформување на клубот кој започна да игра во Првата лига.

OhridNews

Рутински триумф на Охрид за победнички крај на 2018 година !