Охридските ракометари го претрпеа вториот пораз во плејофот во Супер лигата, откако на домашен терен изгубија од Вардар 35-23 во 4-та рунда од разигрувањето за титулата.


„Гладијаторите“ рамноправен противник беа во првите десеттина минута, а потоа „црвено црните“ пред полните трибини во „Билјанини Извори“ ја потврдија класата одлепувајќи се на седум погодоци предност на полувремето (20-13), а за конечна победа (35-23).

– Натпреварот со Вардар се погоди во незгоден момент за нас, бидејќи „црвено црните“ ги очекува двомеч со Фленсбург и се подготвуваат со сите сили за четвртфиналниот дуел со германскиот состав во Лигата на Шампиони. Вардар против нас не калкулираше, не се штедеше и одигра со 80% од можностите кои се покажа повеќе од доволни. Ние успешно се држевме на почетокот од натпреварот и донесовме малку радост на трибините во „Билјанини Извори“ кои сакам почесто да ги гледам вака. – изјави капитенот Крсте Андоновски.


– Квалитетот на Вардар сите го знаевме, а вака кога ќе осетиш точно знаше за каков клуб и какви ракометари се работи. Ние си го направивме своето, изигравме со сите сили и пруживме отпор колку што можевме. – потенцираше Марко Кобетиќ.


Охриѓани со мечевите во Супер лигата продолжуваат на 26 април со гостувањето во Битола кај составот на Пелистер.

OhridNews