Штрајкот успешно е започнат и во Охрид велат претставниците на СОНК во Охрид. Во некои од училиштата се одржани еден до два часа, има делумно наставници кои не го поддржаа штрајкот, но настава немаше, бидејќи во некои училишта немаше деца, а во некои немаше услови да се одржи наставата според бројот на деца вели Катерина Крстеска, претседател на РО на СОНК – Охрид.
Во градинките малку повеќе од 60% од постоечките вработени сме во штрајк. Преостанатите кои повеќе од нив се администратвно-технички персонал не го подржаа штрајкот. Од штрајкувачите само две вработени се од техничкиот персонал, а сите други се од воспитниот персонал. Имам информација и дека дел од децата кои биле донесени утрово во градинка и биле згрижени, по кратко време биле земени од страна на родителите, вели Крстеска.
Додава дека наставата во училиштата освен еден до два одработени часа, во сите средни и основни училишта не се одржува. Во однос на тоа дали се вршени притисоци врз членовите на СОНК вели дека најавени притисоци немало, но имало вработени од градинката кои не се членови на СОНК и првично потпишале изјави со кои даваат поддршка, за потоа истите да бидат повлечени.
Од понеделник во градинката беа поделено списоци да се потпишат изјави дека солидарно го поддржуваат штрајкот и истите беа доставени до директорката во четвртокот, за веќе во петокот добивме за дел од нив против изјави односно дека ќе работат. Првично го прифатија штајкот па се откажаа, дали причините се притисоци и од кој основ незнаеме. Станува збор за вработени кои не се со решен статус, освен техничкиот персонал, вели Крстеска.
Димче Донески, претставник од СОНК од ОУ Ванчо Николески во Лескоец вели дека штрајкот во ова училиште бил 100%. Донески истакна дека само неколку деца била дојдени, но бидејќи не биле информирани и кога виделе дека се штрајкува сами се повлекле.
Сите ја сватија сериозноста на проблемот и сите родители не поддржаа. Им благодариме што овој пат се на страната на учителите, затоа што знаат дека учителите се оние мотиватори на нивните деца кои лесно и свесно мое да станат нивни ментори, нивни коучители и дцата да станат успешни личности. Сите наставници се на своите работни места и во подрачните училишта, не изостанува ниеден вработен, не само член на СОНК туку и членови на другите синдикати кои не поддржаа, рече Донески.

Штрајкот велат ќе продолжи до оставрување на барањата на СОНК, а тоа се да се изедначи платата по сите коефициенти, по сите профили на работни места, за толку колку што се зголеми минималната плата, а тоа изнесува околу 18, 4% и до јануари 2024 година да има исплата на Колективниот договор по коефициентите како што е предвидено.
Н.С.Ј.













