Вината за слабата престава на Холандија на ова ЕП, Крстев го гледа во одбраната која неможе да одговори на потребите на нападот. Во два натпревари Холандија прими три гола а постигна само еден, премалку за еден од главните фаворити за освојување на титулата.
– Голем проблем за “лалињата“ е одбраната која е лесно минлива. Тие секогаш играат со еден стопер кој знае да игра со топка, но во овој состав сега го немаат. Исто така бековската линија е слаба во одбраната и некреативна во нападот – рече Крстев.
Во “црвено жолтиот“ дрес Крстев има 22 настапи и постигнал два гола. На прашањето дали во иднина ја гледа Македонија на еден ваков голем собир, тој е оптимист, но треба макотрпна работа со македонските надежи.
– Во фудбалот се e можно, нам ни е потребен еден гол рез. Треба да се почне од младите категории, а резултатите ќе ги осетиме за десет години. Сега за сега не – потенцираше “везистот“ Крстев.
Еден од поискусните фудбалери во македонскиот шампионат Миле Крстев и на 33 години игра во добра форма за екипата на Металург. Тој и останатите фудбалери се спремаат за квалификациските мечеви што ги очекуваат во Лигата на Европа.
– Ќе играм фудбал додека ме служи здравјето. Дури се чувствувам спремен да одговорам на предизвикот и на тренерските барања од мене не размислувам за повлекување од фудбалот – заврши Крстев.