Големиот празник Водици се одбележа и во детската градинка „Јасна Ристеска“, каде најмладите имаа можност да се запознаат со обичаите и значењето на празникот, за чинот на фрлањето на светиот крст во осветените води.

Во градинката не изостанаа „свештените лица“, а најсреќен меѓу фаќачите на крстот кој се фрлаше во сад, беше четири и пол годишниот Матеј Ристески од средната група при централниот објект на градинката.

OhridNews