Владата денеска ги демантираше информациите дека синоќа била одржана седница на која била поништена одлуката на општина Бутел за изградба на крстот. Според Владата, како што е наведено во соопштението тоа е тотално неточно и невистинито.
Во меѓувреме Светскиот македонски конгрес повика денеска на мирни протести пред МВР, кои ги поддржа и владејачката партија ВМРО ДПМНЕ.
Инаку од партијата ДУИ соопштија дека го прекинуваат протестот против изградбата на крст во скопската општина Бутел поради денешниот христијански празник Задушница. Потпретседателот на ДУИ и градоначалник на Чаир, Иџет Меџити изјави дека ќе продолжат да се бараат решенија преку демократски форми и оти бил постигнат институционален договор со посредство на меѓународната заедница за почитување на бадентеровиот принцип.
OhridNews
Извор:„Радио Слободна Европа“