Во хотелот Ројал на свечената церомонија организирана од Сојузот на спортови беа крунисани спортските лауреати за 2013 година во градот Охрид. Наградата за најдобар спортист замина во рацете на стрелачката Нина Балабан. Второто место и припадна на тенисерката Тања Стојаноска, а третото на боксерот Бојан Ристески.



Сите наградени во изборот за 2013 година :
Најдобар спортист :
1. Нина Балабан (стрелаштво)
2. Тања Стојановска (тенис)
3. Бојан Ристески (бокс)
Најперспективен млад спортист : Јован Јованоски (велосипедизам), Христијан Кузманоски (кошарка), Анастазија Паскали (веслање), Филип Стојановски (фудбал), Александар Ѓоргиески (фудбал), Мартин Гоџоски (стрелаштво), Ане Спироски (кајак), Новица Велјаноски (велосипедизам), Бојан Танески (риболов), Мартина Петреска (карате).
Најдобар тренер : Валентина Гоџоска (стрелаштво)
Спортски работник : Цветко Попоски (стрелаштво)
Најуспешен тренер со млади спортисти : Агрон „Гони“ Мерко (фудбал)
Посебни заслуги и презентација на пливачките спортови со меѓународни резултати : Александар Маленко
Најуспешен клуб : Стрелачкиот клуб Охрид и Женскиот фудбалски клуб Билјанини Извори
Животно дело : Ристе Савин и Кире Заров
Најдобар спортски настан : Едриличарска федерација на Македонија
Мх.П.















