Вкупно регистиран 61 случај на заболени лица од коронавирусот на брод кој се наоѓа под карантин на брегот на Јапонија. Меѓу патницит есе и тројца македонски државјани и 14 од Србија.

Според првичните информации, на крузерот на кој се наоѓаат вкупно 3 700 луѓе, патници и членови на екипажот, најмалку 2 недели ќе биде под карантин во Јокохама.

Проверките на бродот започнаа откако еден 80 годишен жител на Хонг Конг, кој минатиот месец патувал со бродот, се разболел од коронавирусот. Тој се качил на луксузниот брод во Јокохама, на 20-ти Јануари и патувал до Хонк Конг, каде излегол на 25-ти Јануари.

Уште еден крузер е под карантин во Хонг Конг, откако 8 поранешни патници се разболеле од вирусот. На овој брод има 3 600 луѓе, но досега кај ниту еден не е потврдено присуството на вирусот.

Со новите случаи на крузерот во Јокохама, случаите на болни од коронавирусот во Јапонија се зголеми на 86 луѓе, со што оваа земја е втора по бројот на заболени луѓе, веднаш по Кина.