Петте кружни крстосници на буеварот „Туристичка“ ќе бидат изградени во текот на 2015 година. Ова го најави градоначалникот Никола Бакрачески, осврнувајќи се на инфраструктурните и капитални проекти кои во иднина планира да ги реализира општина Охрид.

Градоначалникот појасни дека кружните крстосници на пресеците помеѓу булеварот „Туристичка“ со улиците „Бистрица“ и „Македонски Просветители“ ќе се градат со средства од Светска Банка, а останатите три  планирани крстосници ќе се градат со пари од општинскиот буџет.

-Првиот од трите кружни текови кои ќе ги градиме со средства од буџетот ќе биде на пресекот меѓу буклеварот „Туристичка“ и „Абас Емин“, вториот ќе биде на пресекот меѓу „Туристичка“ и „Јане Сандански“,  а  третиот кружен тек ќе биде на пресекот меѓу „Туристичка“  и  „Стив Наумов“, вели Бакрачески.

Тој најави дека ќе бидат реконструирани и пет улици со изградба на атмосферска канализација во населбите Далјан и Воска, а ќе биде изградена и улицата „Илија Смически“ во село Лескоец. Исто така во текот на наредниот период планирано е да се набават и неколку современи возила за ЈП „Охридски Комуналец“.

Градоначалникот потенцираше дека очекува на крајот од оваа или почетокот од наредната година да се започне со изградба на затворениот зелен пазар, кој што е планирано да се гради во траење од 24 месеци, а во наредниот период се очекува и изгрдбата на катнатата гаража, автобуската станица и затворениот пливачки базен.

OhridNews