Најмалку 95 лица загинаа, а 158 се ранети во експлозија на автомобил бомба во главниот град на Авганистан, Кабул.

Како што пренесуваат светските агенциии, одговорноста за терористичкиот напад ја презеле талибанските екстремисти.

Возачот самоубиец користел болничко возило и ги убедил безбедносните сили дека пренесува пациент. Тој го детонирал експлозивот при пристигнување на вториот безбедносен пункт, убивајќи речиси сто луѓе.

OhridNews