Најмалку 35 лица ги загубија животите, а над 40 се ранети во оружен напад на популарниот ноќен клуб „Реина“ во Истанбул, Турција, што се случи на новогодишната ноќ.

Како што јавуваат турските медиуми терорист облечен во Дедо Мраз отворил оган кон посетителите во клубот во кој имало околу 800 лица.

На местото на настанот се упатени силни полициски сили, а се претпоставува дека напаѓачот се уште се наоѓа во објектот.

OhridNews