За да се задоволат потребите од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција.
Акцијата ќе се реализира денес во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во периодот од 10 до 14 часот.
Ги повикуваме нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција, велат од ОО Црвен крст Охрид.
OhridNews












