Црвен крст Охрид во партнерство со Рамстор Македонија, а по повод 13 години од постоење на компанијата, денес, во просториите на Одделот за трансфузија во Охрид организира крводарителска акција под мотото „Рециклирај се, Дарувај крв“.

– На овој начин вработените на Рамстор Македонија уште еднаш ќе ја покажат својата хуманост, а компанијата својата висока општествена одговорност, велат од Црвен крст.

Соработката на Црвен крст Охрид со Рамстор Македонија се развива и во социјално-хуманитарната сфера што само ја истакнува посветеноста на компанијата за вклучување во општествено одговорни проекти како дополнителна вредност на општеството во кое живееме.

Крводарителската акција започнува во 9 часот, а истата е отворена за секој хуман сограѓанин.

OhridNews