Хуманата мисија продолжува велат од ОО Црвен крст Охрид. Денес уште една крводарителска акција овојпат со средношколците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Oваа недела продолжуваме со крводарителска акција „Спаси живот, биди нечиј херој“, со средношколците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Ги покануваме сите хумани млади да помогнат во остварувањето на нашата хумана цел со дарување на нивната крв, апелираат од Црвен крст Охрид.

Крводарителската акција е во тек и ќе трае до 12:00 часот во Служба за трансфузиона медицина.

OhridNews