Под мотото „Подари рака за живот! Дарувај крв!“ утре на Факултет за туризам и угостителство – Охрид ќе се одржи крводарителска акција.

Ги покануваме студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид и сите хумани луѓе во Охрид и Дебрца да учествуваат на оваа крводарителска акција. Искористете го РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување за да ја искажете својата хуманост!, велат од ОО Црвен крст Охрид.

Крводарителската акција ќе биде во перидот од 10 – 14 часот.

OhridNews