Утре Црвен крст Охрид во соработка со СВР Охрид организира крводарителска акција која ќе се одржи во просториите на Службата за трансфузиона медицина – Охрид.

Ги повикуваме сите вработени во СВР Охрид да се приклучат на акцијата и да ја даруваат својата скапоцена течност. Една единица дарувана крв може да спаси повеќе животи, велат од Црвен крст Охрид.

Акцијата ќе се реализира во периодот од 9 до 12 часот.

OhridNews