Утре Црвен крст Охрид во соработка со Службата за Трансфузија – Охрид организираат крводарителска акција наменета за учениците и вработените во ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид.
Ги покануваме сите ученици и вработените кои имаат желба да ја даруваат својата скапоцена течност и воедно да спасат нечиј живот. Ве очекуваме! Дарувај крв, спаси живот!, велат од Црвен крст Охрид.
Крводарителската акција ќе се реализира во периодот од 09:00 до 12:00 часот во просториите на Службата за трансфузиологија Охрид.
OhridNews