Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиона медицина Охрид ќе спроведе крводарителска акција утре во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. Акцијата ќе се одвива во периодот од 10:00 до 14:00 часот.

Од Црвен крст Охрид упатуваат покана до сите граѓаните да ја изразат својата хуманост дарувајќи крв за време на оваа акција.

Дарувај крв – спаси живот!, порачуваат.

OhridNews