Во среда од 09:00 до 12:00 часот Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузија – Охрид организираат крводарителска акција наменета за учениците и вработените од СОСУ „Св. Кирил и Методиј” – Охрид.

Ги покануваме сите ученици и вработените кои имаат желба да ја даруваат својата скапоцена течност и воедно да спасат нечиј живот. Дарувај крв, спаси живот, порачуваат од Црвен крст Охрид.

Крводарителската акција ќе се одвива во Службата за трансфузија – Охрид.

OhridNews