Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2025 година. Во оваа насока утре во просториите на СВР Охрид во периодот од 9 до 12 часот ќе се одржи крводарителска акција.
Ги покануваме сите вработени во СВР – Охрид да ја искажат својата хуманост, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, порачуваат од Црвен крст Охрид.
OhridNews