Црвен крст Охрид утре, 05 ноември, во соработка и во просториите на Служба за трансфузија Охрид, организира крводарителска акција наменета за вработените на СВР Охрид.
Ги покануваме сите вработени во СВР Охрид да ја искажат својата хуманост и да спасат нечиј живот, велат од Црвен крст.
Крводарителската акција ќе се одржи во периодот од 9:00 до 12:00 часот.
OhridNews












