120 даночници, меѓу кои и од Охрид, даруваа крв на 16 пунктови низ Македонија, поставени во центрите за дарување крв.

Крводарителската акција на даночниците под мотото „Капка крв, спасува живот“ традиционално се организира трета година по ред во пресрет на одбележувањето на Св. Матеј – Денот на даночниците (29 Ноември) и во рамките на програмите за општествена одговорност на Управата за јавни приходи.

– Дарувањето на крв е наша привилегија и надеж дека со еден мал гест на хуманост ќе помогнеме во спасување не нечиј живот…„Да го чуваме сопственото здравје за да можеме да го подариме на друг“, порачуваат од УЈП.

OhridNews