Црвен крст Охрид ги заокружува активностите во делот на крводарителството насочени кон прибирање на доволни количества на крвни единици за 2016 година. Во вторник, 20-ти декември, се организира редовна крводарителска акција на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид која ќе започне во 10 часот и ќе трае до 14 часот.

Се покануваат студентите од двата факултети во Охрид, но и сите хумани луѓе кои сакаат и можат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот, да учествуваат на крводарителската акција.

OhridNews