Со оглед на новодонесените ставови и препораки од страна на Институтот за трансфузиона медицина Скопје и Црвениот крст на Република Македонија, а кои се однесуваат на организирањето на крводартелски акции на отворено (во шатори, тенди и сл.), од општинскиот Црвен крст информираат дека, традиционалната крводарителска акција „Плаошник“ која се организира секој 8-ми август, на празникот Св.Климент, почнувајќи од 2005 година, оваа 2014 година нема да се одржи на Плаошник, туку во ОУ „Св.Климент Охридски“.

Акцијата ќе се одржи на 8- ми август, петок, во периодот од 18-24 часот.

OhridNews