Со годинешната Крводарителска акција, која традиционално се одржува на Водици, собрани се околу 100 единици крв.

– Задоволни сме од одзивот особено од големиот број млади луѓе кои ги имаше не само од Охрид, туку и од цела Македонија, истакна по завршувањето на акцијата претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков.


Сите собрани единици крв ќе бидат обработени во Републичкиот завод за трансфузиологија во Скопје, а ќе бидат искористени за потребите на здравствените установи во Охрид.

OhridNews