Украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков изјави дека вториот конвој бродови со украински земјоделски производи испловил од украинските пристаништа на Црното Море, како дел од договорот за деблокирање на украинскиот прекуокеански извоз.

Кубраков на Твитер објави дека четирите товарни бродови „Мустафа Неџати“, „Стар Хелена“, „Глори“ и „Рива Винд“ биле натоварени со речиси 170.000 тони жито.

Овие четири брода ја напуштија Украина во согласност со рамковниот договор што го потпишаа Украина, Русија, Турција и Обединетите нации.

Претходно свертските агенции јавција дека во бдот Ројен, кој исплови под малтешко знаме од пристаништето Черноморск, натоварен со 13.000 тони пченка, стигна до брегот на Истанбул.

Ова е уште еден брод што превезува жито како дел од договорот потпишан на 22 јули од Турција, Украина, Русија и Обединетите нации (ОН) со цел да се обноват испораките на украинското жито од пристаништата на Црното Море.

Како што јавува Анадолија, бродот „Ројен“, чија крајна дестинација е Велика Британија, ќе биде закотвен во Истанбулскиот Теснец, каде тим составен од претставници на Турција, Русија, Украина и ОН ќе изврши инспекција на бродот, по што бродот ќе го продолжи патувањето.

Се очекува и бродот Поларнет, кој плови под знаме на Турција, и кој превезува 12.000 тони жито, наскоро да влезе во Истанбулскиот Теснец.

Министерството за одбрана на Турција во петокот соопшти дека три брода со вкупно 58.000 тони пченка тргнале од украинските пристаништа за Турција, Велика Британија и Ирска.

Во понеделникот од украинското пристаниште Одеса исплови првиот брод со жито, кој потоа го продолжи патувањето од Истанбул до Либан.

 

OhridNews