На коалите во Австралија им се заканува истребување поради незапамтените пожари кои беснеат речиси на целата територија од континентот. Против огнената стихија се борат илјадници пожарникари и доброволци, а во мисијата за спасување на коалите волонтерите добија необична помош од кучето „Беар“, напуштен миленик специјално истрениран за спасување коали. За да може непречено да се движи низ опожарените предели неговите шепи се заштитени.

Се проценува дека во големите пожари во Австралија угинале блиузу 500 милиони животни. Состојбата во земјата и натаму е критична, иако на истокот од континентот почна да врне дожд.

OhridNews
фото: скриншот Facebook