Вчера околу 13. часот во Охрид додека две деца ( сестра и брат) на четири и шест годишна возраст се движеле по тротоар на ул.„8-ми Септември“ заедно со нивната мајка, во еден момент куче од расата Аљаски маламут, кое било во дворот од куќа ја прескокнало оградата и го нападнало и искасало девојчето, соопшти МВР.
При тоа реагирала нејзината мајка и вработени во „Комуналец“ кои во моментот собирале ѓубре, по што девојчето е пренесено и задржано на лекување во Медицинскиот центар во Охрид.
Од страна на СВР Охрид во врска со тоа против сопственикот на кучето ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.












