
Таа се здобила со рана на ногата, но останала присебна. Иако на инцидентот имало очевидци не и била пружена помош, па жената сама отишла на Брза помош, каде ја добила потребната лекарска нега, по што со возило на службата била однесена на хируршкото одделение при општата болница каде и била санирана раната и и’ била ординирана соодветна терапија.
Од доживеаниот стрес и бил констатиран и висок крвен притисок, за што исто така добила терапија.
Случајот е пријавен во охридската полиција.
Последната од многуте вакви непријатни случки кај нас, по којзнае кој пат го отвора прашањето за бездомните животни и потребата од соодветно решавање на овој децениски проблем, кој редовно е игнориран од сите власти или е недоволно сериозно сфатен.
Очигледно е дека отсуствува вистинска волја за решавање на проблемот, дотолку повеќе што во државата постои Закон за заштита и благосостојба на животните. И додека надлежните го игнорираат и проблемот и законот, во реалноста се случуваат вакви инциденти, но и обратно, се регистрираат случаи на злоставување и злоупотреба на животни и негрижа. Оттаму неодложно е проблемот со бездомните животни во урбаните средини да се подигне високо на агендата на политичките чинители и властите како на централно, така и на локално ниво и истиот да се реши на цивилизиран начин, онака како што налага законот и како што треба да го решава едно демократско општество во 21 век, кое претендира да стане дел од европското семејство на вредности.
OhridNews
фото: илустрација











