Последните неколку денови има наплив на кучиња во центарот на градот кои им создаваат паника и страв на минувачите. Кучињата-скитници почесто се јавуваат во овој дел од годината заради што  шинтерската служба делува поинтензивно“, потврдуваат од јавното претпријатие „Охридски комуналец“.


На булеварот „Туристичка“ синоќа

Првиот човек на претпријатието, Боро Павлоски за Ohridnews изјави дека дневно се  ловат по 4-5 кучиња.

„Тие најчесто доаѓаат од периферијата на градот, од Далјан или од влезот на Охрид кај „Туристичка“, од места каде што обично се чуваат овци.Нашата служба го држи центарот под контрола, но се случува да „залута“ некои куче и во строгото градско подрачје. Делуваме интезнивно и според Одлуката на општинскиот совет, потврди Павлоски.

Ohridnews