Под мотото „Предизвиците на работата на домовите-низ дијалог и напредок“ во Белград се одржа првата основачка меѓународна конференција на ученички и студентски домови на Југоисточна Европа.
Целта на оваа заедница на ЈИЕ е размена на мислења, искуства, ставиви, предлози, како да се подобри животот на децата сместени во ученичките и студенстки домови. Но, исто така и запознавање и зближување помеѓу самите вработени. Преку размена на ученици, студенти до посета на самите вработени на соодветните ученички и студентски домови. Планирано е да се одржуваат по две конференции на годишно ниво во различни држави. Се очекува до одржување на втората конференција да се зголеми бројот на членови на оваа заедница, а се очекуваат и колеги од Словенија, Хрватска, романија, австрија, Бугарија, Турција и Албанија, вели директорот на Државниот студентски дом „Никола Карев“ Жарко Куциноски кој присуствуваше на Конференцијата.
На конференцијата, вели, учествувале околу 150 претставници и тоа од Србија, Република Северна Македонија, Црна Гора, Унгарија, Босна и Херцеговина, Република Српска, како и преставници на високошколски установи, студентски и ученички домови и образовни центри, министерства за образование, меѓународни институции, локални самоправи, членови, амбасадори на земјите учесничи и многу други официјални лица.
Првиот ден секој директор го претстави својот дом, додека вториот Конференцијата беше официјално отворена од страна на претседателот на Собранието на Република Србија, Владимир Орлич. Учесниците ги поздрави и министерот за образование, Бранко Ружиќ, додава Куциноски.
Инаку, домаќин и организатор на првата конференциjа бил Домот за ученици на средните училишта „Милутин Миланковиќ“.
OhridNews













