Хуманитарна вечер на Балканскиот фестивал. Вечерва на сцената на Долни Сарај во склоп на 53. издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“ ќе настапат Куд Дримкол од Вевчани, како и КУД од Црна Гора и Полска. Вечарерта има хуманитарен карактер. Имено и овој пат влезот е бесплатен, но на вледот од Долни Сарај ќе бидат поставени кутии каде посетителите ќе можат да донираат средства. Сите собрани средства и од овој концерт одат во хуманитарната акција што неодамна ја покренаа новинарите за лекување на 11 годишното охриѓанче во Пекинг.

„Учеството на Балкански фестивал оваа година за КУД,,Дримкол,,од Вевчани има посебна важност,бидејќи токму со песна и оро одлучивме да се приклучиме во Хуманитарната акција во Охрид за помош на еден млад детски живот. Нашата желба со задоволство беше прифатена од директорката на НУ,,Григор Прличев,,Охрид, М-р Драгана Боцевска и одлучи токму вечерта кога настапува КУД,,Дримкол,,од Вевчани заедно со уште два други фолклорни ансамбли од Странство да има хуманитарен карактер. Ги повикувам љубителите на македонското фолклорно наследство масовно да дојдат утревечер, 8 јули на сцената на Долни Сарај, да уживаат во програмата и да се радуваат на себеси за добронамерноста и хуманоста која значи живот за еден млад Охриѓанец и можност да продолжи да ја слуша песната, да го гледа орото да се радува на Македонската богата култура и традиција“ истакна Тоше Чочороски, раководител на КУД,,Дримкол,,Вевчани

Инаку на сцената „Долни Сарај“ во склоп на Балканскиот фестивал ќе продефилираат и ансамбли од :  Хрватска, Австралија, Црна Гора, Полска, Грција, Србија, Турција и Македонија. Вечерва од 21 часот следуваат настапите на ансамблите „Петар Зрински “ од Врбовец – Хрватска и „Хора Ашкелон“ од Тел Авив – Израел.

OhridNews