На покана на Буњевачки културен центар и УО “БКЦ Таванкут“ од Доњи Таванкут, Суботица,  КУД „Илинден“ од Велгошти од 15 до 19 декември ќе гостува во соседна Србија.

Предвидено е  КУД „Илинден“ да одржи целовечерен предбожиќен концерт, а во план се уште до 2-3 настапи пред српската публика.

Настапот на „Илинден“ во Србија е дел од напорите на група ентузијасти за продолжување на традицијата на ова ова културно уметничко друштво, чиј основач е Слободан Крлески.

OhridNews