Подмладокот на КУД Отекс – Охрид вчера пристигна во Пезаро, Италија, каде ќе земе учество на меѓународниот фолклорен фестивал „Маре Адриатико“ што ќе трае до 1 јули.

Младите играорци  од КУД Отекс синоќа го имаа првиот настап на фестивалот. Охридските играорци денеска и утре ќе одржат уште два концерти. Пред италијанската публика тие ќе се претстават со дел од богатиот репертоар на песни и игри од Македонија.

На фестивалот во Пезаро покрај „Отекс“ учествуваат и ансамбли од Србија, Црна Гора, Канада, Унгарија, Италија и од други земји.

Инаку најрепрезентативниот состав на КУД Отекс на 3 јули ќе патува за Франција, а во ноември оваа година ќе реализира турнеја во далечната Австралија.

ohridnews