Деновиве интензивно започнаа, градежните активности за изградба на куќата на Ајри Доко, која мораше да се сруши, поради сериозните оштетувања во темелите.

Од Националната установа Завод и музеј, кои се инвеститори на  изградбата на куќата велат дека бидејќи објектот е заштитен како културен споменик истиот ќе мора да се изгради идентично, без никави отстапувања  ниту во габарит, ниту во висина.



Конзервацијата на Куќата од ова старо охридско семејство, е дел од активностите кои ги поддржува Министерството за култура за 2012 година и кои имаат за цел да го заштитат македонското културно наследство.

OhridNews