Со Детско катче (Изработка на маски) и Промоциии , денес, продолжуваат низата содржини во рамки на програмата од годинешниот Вевчански Карневал 2014 .
Од 15 до 17 часот предвидена е и Тура до Вевчански Извори, како и изложба на фотографии (Групни Маски 2003 – 2013 година) на Илија Мурџески. Музичкиот дел од програма ќе започне во 20.30 часот со ДЈ Боби (Сити Радио), по што ќе следуваат натпревари во цепење дрва и пиење вино, и настапите на Куку леле во 22 часот, Ван Гог и Ѓоко Танески.
Богатата програма продолжува утре. Василичарсата поворка ќе тргне во 13 часот кога ќе бидат посетени неколку домаќинства во Вевчани. Изборот на најдобрата маска ќе се одржи вечерта, во 23.30 часот.
Карневалот завршува на 14- ти јануари, со традиционалното дефиле на маски кое ќе започне во 13 часот.
OhridNews