Ракометарите на Охрид утре во рамки на 21-коло од ракометната Супер лига ја пречекуваат екипата на РК Бутел.
После европскиот натпревар не очекува натпреварот против екипата на Бутел, една одлична екипа составена воглавно од млади играчи кои многу трчаат и сакаат да се докажуваат. Немаме многу време да се подготвуваме поради густиот распоред, но добро ја познаваме екипата на Бутел од домашното првенство и со една дисцилнинирана игра како во напад така и во одбрана да ја оправдаме фаворитската улога, вели ракометарот на ГРК Охрид, Дејан Кукуловски.
Натпреварот се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18 часот.
OhridNews












