Клара Кукалова, 34-годишната чешка тенисерка, ја обвини Серeна Вилијамс дека користи „нешто што наликува на хероин“.


Руските хакери пред еден месец на страниците на WADA (Светска антидопинг агенција), пронајдоа извештаи на кои е наведено што сé користела Серена Вилијамс со одобрение од агенцијата.

„Разочарана сум, бидејќи сето тоа се турка ‘под тепих’. Серена со дозвола на WADA користи супстанција која делува исто како и хероинот, и којашто создава еуфорично чувство“, рекла Кукалова.

„И сега ние наводно играме против тешко болната Серена, а хакерите ги открија сите информации. Потоа излезе дека Серена користела само неколку таблети. И одеднаш сето тоа се заборава и никој повеќе тоа не го споменува“, додава.

Самата Серена Вилијамс, кога руските хакери ги објавија извештаите, призна дека со одобрение на WADA користела забранет лек.

„Макфакс“
OhridNews