Украинскиот министер за надворешни работи повика на прекин на огнот за да се овозможи извршување поправки за да се врати снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа Чернобил.

„Енергоатом“, украинската државна нуклеарна компанија, предупреди дека ситуацијата може да предзвика ослободување на радиоактивни материи од централата. Тој предупреди во објава на Телеграм: „Ветерот може да го пренесе радиоактивниот облак во други региони на Украина, Белорусија, Русија и Европа“.
Ако ситуацијата продолжи, „сиот персонал таму ќе добие опасна доза на зрачење“, продолжи.

После тоа, системите за ладење на складиштето за потрошено нуклеарно гориво ќе престанат, со што ќе дојде до истекување на радијација.
OhridNews











