Кошаркарите на Ајфел Тауерс забележаа и втора победа над АМАК СП. Во рамки на ФИБА Челинџ купот, холандскиот претствник и во реваншот што вечерва се одигра во Охрид го совлада АМАК со 64:72, полувреме 28:37.
Холанѓаните имаа водство во текот на целиот натпревар, а на нивната агресивна игра охриѓани и вечерва немаа одговор. Не помогна ниту враќањето во тимот на Фрај, кој и покрај повредата забележа 18 поени.
Ајфел Тауерс убедливо славеше и во првиот натпревар што пред една недела се одигра во Холандија, кој заврши со победа на домаќинот од 94:66. И покрај двата порази од објективно подобриот противник, АМАК СП достојно се претстави на европската кошаркарска сцена











