Вечерва, со почеток во 20 часот, во Центарот за култура Григор Прличев, гостува Драмскиот театар од Скопје со претставата “Грев или Шприцер” според текст на Сашко Насев.

Главните улоги во претставата ги толкуваат : Драган Спасов, Билјана Беличанец – Алексиќ, Зоран Љутков, Роберт Вељановски, Сашо Тасевски, Маја Вељковиќ – Пановска, Билјана Драгичевиќ – Пројковска. Режијата е на Деан Дамјановски, а музиката е на Венко Серафимов.

Премиерната изведба на претставата се одржа на 15 октомври на сцената на Драмскиот театар.

Станува збор за римејкот на една од најпопуларните македонски претстави,  која во режија на Димитар Станкоски во ’90-тите  години од минатиот век доживеа огромен успех и голема посетеност, тогаш во изведба на одличната актерска екипа предводена од Ненад  Стојановски.

OhridNews