Познатиот угостителски бренд „Кадмо“ утре, 23 декември, одбележува 19 години постоење со голема роденденска забава и попуст на целото мени од 50%. За забава во вечерните часови ќе се погрижат Јана Спирковска и „Publik band“.

Ќе ни биде чест да ја одбележиме оваа годишнина заедно со Вас. Со иста посветеност чекориме понатаму, подготвени за уште многу авантури, радости и забави, велат од тимот на „Кадмо“.

Успешната приказна на „Кадмо“, започна во 2006 година кога беше отворен барот „Кадмо“ во центарот на Охрид, кој низ годините стана синоним за квалитетна понуда и добра забава.

„Кадмо“ ветува добра забава и во предновогодишните денови и по Нова година, како и за дочекот на Новата 2026 година.

OhridNews