Културен бизнис импакт „Инспирација за монодрама“ ќе се одржи денес во рамки на програма за одбележување на 7. Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид.

Преку монодрама ќе бидат претставени приказните на истакнати охриѓани од бизнис-сферата, нивните предизвици, успеси и искуства во градењето домашни и меѓународни брендови.
Настанот е закажан во 18:00 часот во Харбор Клуб и на истиот ќе учествуваат Михајло Филев, д-р.Дејан Ристески, Филип Стефаноски, Верица Исакоска, Моника Коцарева, Павлина Шикалеска и Ели Аиноска.
OhridNews











