Во четврток, 24 септември, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 19 часот ќе се одржи културниот настан „Враќање кон корените“, во авторство на режисерот Петро Алексовски од Полска, а во организација на Полската амбасада во Македонија.

Во рамки на програмата предвидени се обраќање на претставник на Полската амбасада, обраќање на претставник на Општина Охрид, обраќање на режисерот Петро Алексовски, проекција на документарниот филм „Македонецот“ создаден според вистинската животна приказна на таткото на Петро, Мито Алексовски, дете-бегалец од Егејска Македонија, како и изложба насловена „Мајко мила“.

Влезот за настанот е бесплатен.

OhridNews