Вечерва во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 19 часот ќе се одржи културниот настан „Враќање кон корените“, во авторство на режисерот Петро Алексовски од Полска, а во организација на Полската амбасада во Македонија.
Во рамки на програмата предвидени се обраќање на претставник на Полската амбасада, обраќање на претставник на Општина Охрид, обраќање на режисерот Петро Алексовски, проекција на документарниот филм „Македонецот“ создаден според вистинската животна приказна на таткото на Петро, Мито Алексовски, дете-бегалец од Егејска Македонија, како и изложба насловена „Мајко мила“.
Приведен е 44-годишен охриѓанец по сообраќајна незгода на улицата „15 Корпус“ Медицинските извори предупредуваат дека при ваква концентрација се сериозно нарушени расудувањето, координацијата и буд...
Рано утрово во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишен охриѓанец, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка По ...
Денеска, 15 ноември, се одбележува Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи посветен на загинатите и повредените на патиштата, како и на нивните семејства, чии животи трајно се м...