Во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“, денеска беа културни работници од повеќе градови во Република Бугарија. На средбата беа разменети искуства за начинот на кој функционираат културните институции во двете земји.

На гостите им беше презентирано ЦД издание за работата на Библиотеката од основањето до денеска, во кое се опфатени и културата, традицијата и обичаите во Охрид.

Меѓу другото гостите беа запознати со понатамошните планови на библиотеката, односно со проектите кои се одобрени од Министерството за култура на РМ, а кои библиотеката е обврзана да ги реализира во следниот период.

OhridNews